Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег.
Утре наутро ќе биде студено, а преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од -8 до 0, а максималната од 7 до 14 Целзиусови степени.