Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на магла. Во текот на денот на повеќе места ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (до 15 l/m 2), а во ноќните часови на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минимална температура ќе се движи од 0 до 7, а максималната 6 до 11 Цечзиусови степени.