петок, 17 мај 2024

Објавено интервјуто на Карлсон со Путин: „Русија и Украина порано или подоцна ќе се договорат“ (ВИДЕО)

Американскиот новинар Такер Карлсон синоќа го објави очекуваното интервју со претседателот на Русија Владимир Путин, а ова е прво интервју на рускиот претседател за западните медиуми од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година. Путин наведе дека „Русија и Украина порано или подоцна ќе се договорат“.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи преку преведувач, интервјуто почнува со тоа што Путин на прашањето на Карлсон за украинската војна му кажува: „Ова е ток-шоу или сериозен разговор?“

Тој потоа на Карлсон му нуди историска позадина на конфликтот, пред да ги каже своите аргументи за воената акција на Русија. Путин кажа дека сака ситуацијата во Украина да се реши преку преговори. Според него, Украинците и понатаму се чувствуваат како Руси, а тоа што се случува е „елемент на граѓанска војна“.

„Западот мисли дека борбените дејства во Украина засекогаш одвоила еден дел на рускиот народ од другиот, но до повторно обединување ќе дојде“, порача Путин.

На прашањето „Кој го крена Северен тек во воздух?“, Путин одговори „Сигурно вие“.

Поранешниот водител на Фокс њуз наведе дека бил „зафатен тој ден“, на што Путин кажа: „Вие лично можеби имате алиби, но ЦИА нема такво алиби“.

На прашањето дали има докази дека зад експлозиите стојат НАТО или ЦИА, Путин кажа дека „нема да влегува во детали“, но дека треба „да се бара некој кој е заинтересиран“ и кој „има капацитети“.

Карлсон го праша Путин дали ги постигнал своите цели во војната.

„Не. Сè уште не сме ги постигнале своите цели бидејќи една од нив е денацификацијата“, одговори рускиот претседател, сигнализирајќи дека Русија сè уште не е спремна да отстапи во Украина.

Путин кажа дека украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на изборите за претседател во 2019 година требало Украина „да ја поведе кон мир“, но дека потоа ја сменил одлуката.

„Според мене, тој помисли дека не треба да влегува во конфликт со неонацистите и националистите во Украина, бидејќи се агресивни и многу активни. А Западот предводен од САД ги поддржува оние кои ја антагонизираат Русија“, кажа Путин, додавајќи дека Зеленски зазел „позиција на моќ“ и покрај ветувањето на народот дека ќе ја сопре војната во Украина.

Путин истакна и дека војната во Украина почнала во 2014 година со државниот удар.

„Ние не ја почнавме оваа војна во 2022. Ова е обид таа да се сопре“, кажа рускиот претседател.

Путин истакна дека Русија морала да застане во одбрана на Србија за време на деведесеттите бидејќи Србите, како што кажа, се особено близок народ на Русите.

„Штом почнаа случувањата во Југославија, Борис Јелцин го крена гласот во знак на поддршка на Србите. Не можевме да не застанеме во одбрана на Србите бидејќи ни се особено близок народ, со православна култура. Тоа е народ кој пател со генерации“, кажа Путин.

Тој додаде дека САД во 1999 со бомбардирањето на Сојузна Република Југославија го прекршиле меѓународното право.

„Со тоа САД ја отворија Пандорината кутија. Што ни беше кажано кога Русија протестираше и го изрази своето негодување? Дека Повелбата на ОН и меѓународното право се застарени. Сега се повикуваат на меѓународното право, а тогаш зборуваа дека сè е застарено“, кажа Путин.

Карлсон во најавата за ова интервју, кое наиде на критики на западните медиуми пред да биде објавено, кажа дека Белата куќа веќе два пати го спречила да разговара со Путин.

Тој додаде дека го направил интервјуто со претседателот на Русија затоа што тоа е работата на новинарот.

„Ние се бавиме со новинарство. Нашата работа е да ги информираме луѓето“, кажа Карлсон преку снимката објавена на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ