сабота, 27 јули 2024

Објавени снимки од терористите: преку Телеграм добивале инструкции да убиваат (ВИДЕО)

Главната уредничка на РТ и медиумската група Раша тудеј Маргарита Симонјан на Телеграм објави снимка од испрашувањето на еден од терористите кои вчера пукаа во невини цивили во концертната сала Крокус сити хол во Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката терористот кажува дека е роден на 17 септември 1998 година, како и дека во Русија допатувал на 4 март од Турција и дека понудата да го изврши терористичкиот напад ја добил преку Телеграм. Според него, не знае кој го нарачал нападот, но дека за тоа требало да добие околу половина милион рубли околу (5.500 долари). До сега, како што кажал, добил половина од таа сума со уплата на картичка. Подоцна, пак, кажал дека му биле ветени милион рубли.

Оружјето за нападот, како што кажал, го добил директно од нарачателите на нападот, кои му го доставиле.

Терористот по испрашувањето кажал дека се решил на овој чекор по разговор со помошник на некој проповедник, кого го слушал, а понудата за нападот ја добил пред еден месец.

Нарачателите, како што тврди, му ја испратиле локацијата на која требало да биде извршен нападот и барале од него да убива луѓе.

Главната уредничка на РТ Симонјан објави уште една снимка, од втор фатен терорист кој признал дека понудата да убива луѓе ја добил преку социјалните мрежи од некој Абдула, кого потоа лично го запознал пред десетина дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ