недела, 19 мај 2024

Објавени излезните анкети на хрватските избори: ХДЗ води, на второ место е СДП

Според првите излезни анкети на парламентарните избори во Хрватска, владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ) има 58 мандати, додека опозициската коалиција „Реки на правдата“, обединета околу левичарската Социјалдемократска партија има 44 мандати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На трето место е десничарското Татковинско движење со 13 мандати, а зелено-левата коалиција Можеме има 11 мандати.

Мост освои 9, а Независната платформа Север 2 мандати, ИДС исто 2 и Фокус, Република 1 мандат.

Гласачките места затворија во 19 часот.

Хрватскиот парламент има 151 пратеник, а гласачите во десет единици бираат 140 пратеници, припадниците на националните малцинства бираат осум пратеници во 12 изборна единица. Единаесеттата изборна единица е за гласачите без престој во Хрватска и во неа се бираат три пратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ