Меѓу познатите личности што се дружеле со него се Мик Џегер, Мајкл Џексон, Алек Болдвин, поранешниот гувернер на Њујорк Ендрју Куомо, Наоми Кемпбел, Боб Вајнстин, сенаторот Тед Кенеди, Ралф Фајнс, Дастин Хофман, Иванка Трамп и Елизабет Харли.
Повеќето од овие имиња и претходно се споменувани во овој контекст, бидејќи во последните години имаше „протекување“ податоци.
Во документите се и дневниците на Епстин од летањето со приватниот авион, „Лолита експрес“, но дел од нив се преработени бидејќи ги содржат имињата на неговите жртви.
Дневниците од летовите го содржеле потписот на Дејвид Роџерс, кој претходно сведочел на суд.
Според медиумите, два примероци од „малата црна книга“ на Епстин веќе се објавени во јавноста со имињата на 349 соработници од 1990-тите.
Јавната обвинителка Памела Бонди нагласи дека првата фаза од документите, кои се објавени, ја прикажува широката мрежа на соработници на Епстин, додека директорот на ФБИ, Каш Пател, нагласи дека нема да има прикривање или исчезнати документи.
Ниту еден камен нема да остане несвртен, а секој од сегашното или поранешното ФБИ што крие документи ќе биде кривично гонет, најави тој.
„Сè што ќе најдеме ќе биде претставено пред канцеларијата на јавниот обвинител, за да може транспарентно да му биде претставено на американскиот народ“, рече Пател.
Бонди ги побарала комплетните досиеја поврзани со Џефри Епстин, а како одговор добила 200 страници документи, додека има уште илјадници документи поврзани со истрагата и обвинението што претходно не биле објавени.
Таа побара од ФБИ да ги достави сите документи до 28 февруари во осум часот наутро по локално време.
Епстин изврши самоубиство во затвор во Њујорк во август 2019 година.