сабота, 27 јули 2024

Објавена снимка: Русите уништија американски ХИМАРС во Украина (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавена снимка како руските сили уништуваат ракетен противвоздушен систем ХИМАРС, повеќецевен ракетен фрлач кој Украина го доби од Соединетите Американски Држави, во близина на источните линии на фронтот. Ова е, како што се тврди, првото снимено уништување на ХИМАРС во Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа моментот кога Русите пукаат на ХИМАРС со проектил, по што се гледаат пламен и чад.

Руски извори тврдат дека ХИМАРС е погоден во близина на селото Никаноровка, околу 45 километри западно од актуелната линија на фронтот, северозападно од неодамна заземениот град Авдеевка и југозападно од Бахмут, кој е под руска контрола. Украински воени блогери потврдија дека е уништен ракетен систем ХИМАРС во близина на источната линија на фронтот.

Американскиот ракетен систем е веројатно погоден со руска ракета „искандер“. Вашингтон на Киев му донираше 39 вакви системи како дел од воената помош вредна 44 милијарди долари. ХИМАРС е ракетен лансер монтиран на камион, а дострел зависи од видот на испуканиот проектил.

Откако Украина почна да ги користи американските системи ХИМАРС на бојното поле, Русите често тврдат дека ги уништуваат. Тврдењата на Москва не се независно потврдени. Во февруари беа објавени снимки од два системи ХИМАРС како се враќаат во САД на поправка, со различни нивоа на оштетување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ