сабота, 19 октомври 2024

Објавена снимка од нападот на убиениот грчки навивач (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Убиениот Кацурис е со сина маица и мотоциклистичка кацига. На снимката се гледа како некој го удира.

На снимката се гледа и дека убиениот по ранувањето влегува во продавница и паѓа зад фрижидер.

Снимката е вознемирувачка:

Грчкиот медиум Нузит пишува дека ДНК примероците собрани од облеката и телото на Михалис Кацурис не водат до специфичен генетски код и дека истражителите сега се фокусираат на снимките на кои се забележани немирите пред стадионот на АЕК.

Адвокатот на семејството на 29-годишниот Кацурис, Христос Мавроматис, за ЕРТ кажа дека не се знае дали убиецот е меѓу 105-те хулигани кои се уапсени и задржани во притвор.

„Се плашам дека, ако немаме брзи резултати, сигурни резултати, ќе почне расправа која ќе има речиси провокативна реторика, секој ќе се огласува и ќе зборува дека убиецот е Хрват, друг ќе каже дека убиецот е Грк. Претседателот на Хрватска ќе каже нешто свое. Грците ќе кажат нешто свое. Секој ќе ја испорача својата приказна. Ризикуваме да влеземе во расправа додека материјалот не нуди докази“, кажа тој.

Мавроматис изрази уверување дека постои материјал кој ќе доведе до идентификација на извршителот.

„Мислам дека има материјал. Имаме видеа, визуелен материјал, имаме биолошки материјал, имаме средства кои евентуално се користени за извршување на злосторството. Имаме апсења. Тешко нам ако во овој случај, кога имаме сè, не го најдеме извршителот“, кажа адвокатот.

Како што пренесува грчки ЕРТ, полицијата сега ги проверува снимките и фотографиите на запленетите мобилни телефони на хрватските навивачи, обидувајќи се да идентификува кој го убил Кацурис. Овој медиум наведува дека властите сè уште не го идентификувале убиецот, но утврдиле дека има тетоважа на вратот.

Грчките медиуми наведуваат дека полицијата во истрагата ќе користи специјален софтвер кој ги мери биометриските карактеристики, бидејќи на снимките повеќето хулигани се во црна облека и со целосно покриени лица. Со помош на овој специјален софтвер се мери биометријата на нечие тело, што ќе помогне во утврдувањето на убиецот на 29-годишниот навивач на АЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ