На снимката од надзорната камера се гледа како луѓето мирно стојат, лежат или се капат, пред остатоците да почнат да паѓаат во морето. Дел од луѓето почнале панично да бегаат за да најдат засолниште, додека некои остануваат на истото место.
Footage from CCTV cameras on the beach in Sevastopol, shot on June 23, has appeared.
Four people died then, about 150 were injured. pic.twitter.com/49PGY3liyQ
— NEXTA (@nexta_tv) June 25, 2024
Дел од остатоците паднале на самата плажа, врз луѓето кои панично барале засолниште. Русите објавија дека Украина во неделата нападнала цивилна инфраструктура во Севастопол на Крим користејќи американски тактички проектили АТАКМС со касетна муниција.
Руското министерство за одбрана објави дека четири проектили биле успешно соборени, а еден експлодирал над градот. Во нападот се убиени четири лица, а повеќе од 150 се ранети. Рускиот истражен одбор отвори кривична истрага за терористички напад.