сабота, 27 јули 2024

Објавена публикацијата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за истражувачка студија со фабуларна структурираност, во која е обработена своевремено популарната српска периодична публикација „ЈУ стрип“, со посебен акцент на неколкуте македонски автори што со свои стрипови биле застапени на нејзините страници.

 „Во својата блескава публикација, Стеванов дава детален приказ на српската ревија „ЈУ стрип“ што „Дечје новине“ од Горњи Милановац ја издава во периодот 1977 – 1987 година, како и на сите македонски творци што со свои дела биле застапени во неа. Книгата „Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“ на Александар Стеванов е допадливо напишана, мајсторски уредена, современо дизајнирана, богато илустрирана и обилно референцирана“, пишува дипломираниот моден и индустриски дизајнер Моника Гачева, во рецензијата кон книгата.

„Македонскиот стрип во ревијата ЈУ стрип“ е деветта публикација на тема историја на деветтата уметност во авторство на Стеванов. На истата тема тој објавувал и во поголем број списанија, а се јавува и како автор на стрипови. Со стрипот „Балада за мојот непријател“, тој беше застапен на групната изложба на актуелен македонски стрип неодамна поставена во Сомбор, а најавено е дека ќе учествува и на првото издание на стрип-фестивалот „Стрип трип“ што на 17 и 18 јуни ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје.

Објавувањето на публикацијата е поддржано од Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ