петок, 26 јули 2024

Објавена книгата „Последните православни семејства во Дебарско поле, Албанија“

Деновиве од печат излезе книгата „Последните православни семејства во подрачјето на Дебарско поле во Албанија“ чиј автор е Спиро Дуковски, Македонец од Албанија, родум од селото Ербеле.

Објавено на

часот

Сподели

Во книгата се пренесува историјат за областа Дебарско поле во Албанија, долж албанско-македонската граница, конкретно за селата, Ербеле, Горно Крчишта, Маќелари, Обоки и Добољани, кои некогаш биле населени исклучиво со Македонци или нивниот процент бил позначителен.

„Во поголемиот дел од книгата се пренесуваат податоци за фамилијарните стебла и потеклото на фамилиите кои порано живееле во овој крај. Се збoрува за период над 150 години наназад и се прикажани според фамилиите од 5-то до 8-мо поколение со кратки податоци за секој член од фамилијата. Во книгата се споменати над 6.500 личности“, пренесуваат гласилата на Македонците во Албанија.

Истo така, е покажана и поврзаноста со другите фамилии, а за некои е прикажано потеклото по женска линија.

„Кој потекнува од овој крај и сака да ја има ова книга, да дознае за неговото потекло, за неговите корени, за поврзаноста со неговите роднини, за историјата на крајот на неговите предци и сака да има нешто напишано, за себе, за неговите деца, внуци и поколенија, да не се забораваат корените, нека се јави кај авторот Спиро Дуковски“, посочуваат медумите.

Оценуваат дека авторот за да го создаде ова дело се зафатил со „огромна љубов кон македонските корења, македонското постоење – што се нарекува незаборав.

Поголемиот дел од споменатите, но и фамилии од други села од округот Пешкопеја, тука и областа Голо Брдо, каде сè уште има неколку македонски православни семејства, се иселиле најпрво во Дебар, а потоа, повеќето во Скопје. Македонците по потекло од овие села редовно на патроните на селските цркви се собираат независно каде живеат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ