сабота, 27 јули 2024

Објавена книга поезија „Манифест на каменот“ од Виктор Радун Теон

Објавено на

часот

Сподели

Авторот Виктор Радун Теон работи на Факултетот за применета екологија „Футура“ во Белград. Пишува поезија, проза, есеи и критики. Се занимава со филозофија и студии за иднината. Неговата поезија е преведена на: шпански, руски, арапски, романски, македонски, словенечки и бугарски језик. Има објавено 11 книги, 67 научни и стручни трудови, педесетина есеи, литературни критики и прегледи, седум учебници и превел преку 30 книги од англиски на српски јазик.

Книгата „Манифест на каменот“ е шеста книга поезија од Виктор Радун Теон. Книгата содржи вкупно 59 песни, поделени во 6 циклуси: „Јајцето на Еднорогот“, „Вавилонски водопади“, „Чудото на Фениксот“, „Крвта и розата“, „Змијата на Бурата“ и „Манифест на каменот“.

„Манифест на каменот“ претставува финална книга во неговата хексалогија. Сите шест поетски книги чинат едно неразделиво единство, единствен систем, како симбол на Универзумот во сета негова комплексност и циклично движење.

Книгата „Манифест на каменот“, го симболизира елементот Земја. Тој елемент е симбол на крајот, на довршувањето на еден циклус или процес. Низ песните се провлекуваат симболи и метафори кои укажуваат на тој симболизмот на Земјата: камен, карпа, скапоцени камења, почва, тврдини и др. Каменот е синоним за познанието како огледало на лирскиот субјект, што му овозможува на авторот да се спушти во подземјето на јаството и да се издигне, отелотворено во нов почеток. Книгата е филозофска имагинација која преминува преку метафизиката и теологијата и влегува во реалноста. Вака формираниот поетски склоп открива нови сознанија што ја прави оваа поетика посебна, автентична, авангардна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ