сабота, 27 јули 2024

Објавена досега невидена снимка од уривањето на Стариот мост во Мостар (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Гранатирањето на Стариот мост го снимила хрватската војска од кули на ридот Хум над градот. Нивната камера следи повеќе од 50 проектили кои ги испукува хрватски тенк над мостарската населба Колонија. Содржината на снимениот материјал сведочи дека Стариот мост со комплетното историско јадро е гранатиран и урнат“, се наведува во соопштението.

Стариот мост во Мостар го урна Хрватскиот совет за одбрана на 9 ноември 1993 година. При нападот настрада целото старо јадро со неколку монументални џамии и други објекти.

Мостот бил изграден по налог на султанот Сулејман Величествениот меѓу 1557 и 1566, а градењето му било доверено на истанбулскиот архитект Мимар Хајрудин.

Обновата на мостот, која ја финансираа Турција, Хрватска, Холандија, Светската банка, Европската банка за обнова и развој и градот Мостар почна во 2003, а заврши во јули 2004 година. Една година подоцна Стариот мост и старото градско јадро на Мостар беа ставени на листата на културно наследство на Унеско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ