сабота, 27 јули 2024

Објавен составот на новата влада на Србија: 30 министри, двајца од „црната листа“ на САД

Идниот премиер на Србија Милош Вучевиќ ги предложи вчера имињата на новите министри во владата.. Објави дека неговиот кабинет ќе биде составен од 35 министерства и пет министри без ресор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во кабинетот, како потпретседател на владата, се враќа поранешниот шеф на разузнавачката служба Александар Вулин, кој од јули 2023 е под санкции на Соединетите Американски Држави, главно поради врските со Русија.

На чело на министерството за внатрешни работи доаѓа актуелниот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ, додека министер за одбрана ќе биде Братислав Гашиќ, досегашниот министер за полиција.

Во владата, како министер за надворешни работи, влегува Марко Ѓуриќ, досегашниот амбасадор на Србија во САД и поранешен директор на Канцеларијата за Косово.

Во владата се враќа уште еден функционер од „црната листа“ на Соединетите Држави поради врски со Русија – Ненад Поповиќ како министер без ресор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ