сабота, 27 јули 2024

Објавен романот за млади „Шепотено“ од полскиот автор Павел Беренсевиќ

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат романот за деца и млади „Шепотено“ од познатиот полски писател Павел Беренсевиќ. Книгата на македонски ја преведе Звонко Димоски. Објавувањето на ова дело е подржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, оваа и минатата година во програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори. Книгата беше промовирана на годинешниов Саем на книгата во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Што сè би направилe за да одите и да го гледате финалето на Лигата на шампионите?

Веќе неколку месеци на Филип и неговите другари им е познато дека финалето треба да се одигра во нивниот главен град, во Варшава. Им фали само едно за во живо да ги гледаат Меси, Роналдо, Левандовски или Саудио Мане. Само билет! Но, најевтиниот билет за натпреварот чини сто и шеесет евра. Одлично! Само што тие се средношколци. За да можат да присуствуваат на натпреварот тие би се согласиле на разни понуди за работа. Дури и да делат летоци за сомнителни производи рано изутрина, пред да одат на училиште. Но, некои работни обврски поттикнуваат морални и етички прашања што ќе ги стави овие момци пред една дилема: дали вреди сето тоа да се работи за да се присуствува на ова финале?!“

Напнат и неизвесен роман за проблемите на тинејџери што се нашле во мрежа полна со лажни вести, тролови и… нешто шепотено.

Писателот Павел Беренсевиќ е автор на романи и стихови за деца, раскази, речници, преводи. Дипломирал англиски јазик на Варшавскиот универзитет. Меѓу другите ги објавил делата: „Што има кај Ќимковци?“, „Ќимковски приказни од кои една тажна“, „Како ја засакав Кате Цветчето“, „Дали војната е за девојки“, „Тајната на човекот со лузна“, „Е нека го тоа чоколадото!“, како и најновите „Повеќе од клуб“ и „Ред на полските расипикуќи“.

Има добиено голем број високи полски и меѓународни кижевни награди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ