Раководителот на РЦУК-Прилеп побарал од Територијалната противпожарна единица Прилеп и ЈП „Водовод“ да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.
Силно невреме со дожд и град вечерва предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа.
„Регионалниот ЦУК Охрид извести дека поради невремето што го зафати југоисточниот дел на Општина Охрид во реонот на с.Трпејца и с.Љубаништа проследено со големи врнежи дојде до формирање на буични води што предизвикаа излевање на вода, земја, чакал и поситни камења на регионалниот патен правец Охрид – Св. Наум во село Љубаништа. Сообраќајот целосно беше прекинат од 19:15 часот, во овој момент е оспособен преку помошни локални патишта. На терен се присутни и интервенираат на санирање екипи на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – секција Охрид и ЈП Охридски комуналец“, информираа од ЦУК.
Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски во изјава за МИА посочи дека лизгањето на земјиштето, -настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.
„Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот“, изјави Темелкоски.
Според него, досега немало пријавено штета, освен реакции од граѓани за прекинот во електричната енергија.