сабота, 27 јули 2024

Обилни дождови во Кина: 15 загинати, илјадници евакуирани

Објавено на

часот

Сподели

Како резултат на обилните дождови, „15 лица загинаа, а четворица се водат како исчезнати во Чонгкинг во југозападна Кина“, се вели во извештајот во средата рано наутро, пренесе агенцијата повикувајќи се на локалните власти.

Потврдата за постоењето на жртви доаѓа еден ден откако метеоролошките служби предупредија за можни непогоди предизвикани од дождовите кои зафатија голем дел од централниот и југозападниот дел на земјата, а истовремено се соборени температурни рекорди.

Претседателот Си Џинпинг нареди „властите на сите нивоа да дадат приоритет на осигурувањето на безбедноста на луѓето и имотот“, додаде Чајна њуз во средата.

„Си истакна дека високите функционери на сите нивоа треба да преземат водство во борбата против поплавите, да ја стават безбедноста на луѓето и имотот на прво место и да се стремат да ги минимизираат загубите“, според Њу Чајна.

Колкава е штетата говори податокот дека во вторникот поради дождот се урна железнички мост во Чонгкинг, провинција со 31 милион жители, јави Ксинхуа.

Во соседната провинција Сечуан, повеќе од 460.000 луѓе се погодени во различен степен од поројните дождови оваа недела, додаде агенцијата во вторникот.

Властите соопштија дека околу 85.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради дождот и дека оваа недела се очекуваат „големи поплави во планинските области“ и „местимично можни свлечишта“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ