Пратеници на паневропскјата партија Волт подготвиле акциски план во девет точки кој ќе им го испратат на лидерите на ЕУ пред вонредниот самит закажан за денес.
Нивниот план се состои од девет точки:
- Обединети одлуки: Да се активира членот 7 за да му се одземе правото на вето на Виктор Орбан и да се зајакне унгарската опозиција. Ако тоа биде блокирано, да се формира Европска Унија 2.0
- Министер за надворешни работи на ЕУ: Да ѝ се дадат овластувања на Каја Калас за водење надворешна политика и воведување санкции во име на ЕУ преку меѓувладин договор
- Промена на договорите веднаш: Да се спроведат целени измени на договорот за да се додаде одбраната. Да се организира сеопфатна конвенција за договорите како подготовка за проширувањето
- Долгот за одбрана: Да се издаде заеднички долг на ЕУ за повеќегодишна заедничка набавка, да се формира европска верзија на ДАРПА и специјализирани регионални индустриски кластери
- Победа за Украина: Да се искористат повеќе од 200 милијарди евра замрзнат руски имот за одбраната на Украина и подготовка на европските безбедносни гаранции, како заштита на европското небо и испраќање војници на терен
- Европска војска: Да се развие независен европски команден и контролен центар, да се создадат европски стратегиски капацитети и да се постави правна основа за европски оружени сили
- Радикална хармонизација: Да се отстранат пречките за компаниите да можат полесно да растат во ЕУ преку забрзан преглед на законите и широка примена на 28 режими
- Коалиција на истомисленици: Да се зајакнат трговијата, технологијата и одбранбената соработка преку формална коалиција на истомисленици како Британија, Норвешка, Канада и Јапонија
- Европска технолошка инфраструктура: Да се вложува во инфраструктурата на ЕУ за вештачка интелигенција, податоци и нивно чување. Да се заштитат јавните расправи и изборите преку засилена регулација на социјалните мрежи
A 9-point action plan to strengthen Europe: https://t.co/KlhX1KBVPR
— Volt Europa (@VoltEuropa) March 5, 2025
Партијата Волт наведува неколку причини зошто ја поднесуваат оваа иницијатива: Унгарија повеќепати ги блокира заедничките одлуки на ЕУ, особено тие поврзани за помошта на Украина и санкциите против Русија, тврдат дека се кршат владеењето на правото и демократските стандарди во Унгарија, се истакнува „контроверзната улога“ на премиерот Виктор Орбан на декемврискиот самит на ЕУ во 2023.
Предлогот се заснова на активирање на членот 7 на Договорот за Европската Унија, кој овозможува санкционирање држави членки кои ги кршат темелните вредности на Унијата. Унгарија е веќе под првото поглавје на членот 7 од 2018 година, а овој предлог би можел да доведе до активирање на втората и третата фаза, што потенцијално може да резултира со суспендирање на правото на глас.
Важно е да се истакне дека Европскиот парламент не може самиот да ја почне втората фаза на членот 7. Тоа можат да го направат само една третина од државите членки или Европската комисија. Затоа овој потег првично служи за вршење политички притисок врз Комисијата и државите членки да преземат мерки против „непослушната“ Будимпешта.