Според информациите од полицијата, штипјанецот М.К. пред два дена го пријавил случајот во полиција, при што изјавил дека бил нападнат при влез во дискотеката.
Кога се обидел да влезе, 24-годишниот А.Е., кој работел како обезбедувач и вршел контрола на влезот од дискотеката, го запрел и не го пуштил да влезе внатре.
По кратка расправија, А.Е. му удрил шлаканица на М.К., по што му го оштетил слухот на левото уво.
Повреденото момче се јавило на преглед, при што му било утврдено оштетување на слухот.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.