сабота, 19 октомври 2024

Обезбедена е терапија за болните од цистична фиброза, одржана прес-конференција во Владата

По неколкуте изјави кои беа најави за набавка, денеска министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека лекот трикафта за болните од цистична фиброза е пристигнат. во Детската клиника. За пристигнвуањето на лекот заедничка конференција за новинарите одржаа министерот Меџити, директорката на Клиниката за детски болести д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар.

Објавено на

часот

Сподели

Меџити истакна дека секогаш се залагал сите потреби во однос на лекови, дијагностика, помагала, нешто што е секојдневна потреба на пациентите да бидат решени колку што може побрзо – веднаш. Бирократските препреки не смеат и не треба да бидат причина за здравјето на граѓаните, рече Меџити.

д„Со 100 милиони денари набавена е терапија за следните месеци. Дополнително предвидени се 854 милиони денари за лекот, за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија. Пациентите со цистична фиброза, етапно се вклучуваат на терапија, согласно протоколот и прецизни критериуми на евалуација, се одлучува за добивањето терапија. Листата на пациенти е направена од страна на стручна комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање“, рече Меџити.

д

Директорката Нацева-Фуштиќ информираше дека последната деценија доживуваме револуција во третманот на цистичната фиброза со откривањето и воведувањето во терапијата на ЦФТР модулаторите, посебно од 2019/20 година со високо-ефикасните ЦФТР модулатори – кафтрио трикафта.

„Годинава, почнавме со терапија кај 12 пациенти кои имаа најтешка експресија на белодробната болест и најслаба белодробна функција. Со дополнителниот буџет од Министерството за финансии и одобрен Условен буџет од Фондот за здравствено осигурување на Универзитетската клиника за детски болести (како носител на набавката), обезбедени се уште 102 дозажни форми од лекот, со кој ќе се овозможи продолжување на терапијата кај 12-те пациенти кои веќе се на терапија со кафтрио во комбинација со калидеко и постепено ќе вклучуваме по седум пациенти на 10 дена, според листата на приоритети испратена до клиниката од Министерството за здравство, а подготвена од стручен тим одреден од министерот за здравство“, посочи Нацева-Фуштиќ.

д

Претставникот од АЦФ Гаспар се заблагодари на директорката Фуштиќ и на министерот Меџити за тоа што бил постојано достапен и транспарентен информациите кои се од клучна важност на пациентите.

„Можам да кажам дека за релативно краток период покрај сите настани, покрај сите залагања и од страна на пациентите и институциите можеме да кажеме дека за 2024 и 2025 ќе се обезбеди модуларна терапија за сите пациенти над 12 години коишто им е потребен овој лек. Мислам дека голема бројка на пациенти и родители ќе бидат мирни и ќе знаат дека не треба да стравуваат за животот на своите деца и самите нив, успеа да се обезбеди лек за пациентите“, изјави Гаспар.

Лекот трикафта е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ