сабота, 27 јули 2024

Обезбеден е континуитет и навремена испорака на обрасци, вели Тошковски

Можноста да се забрза динамиката на производство и испорака на обрасците беше тема на разговор на денешната средба во Атина меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Марк Џулиан Сиверт, претседателот на бордот на директори на ВЕРИДОС, компанијата која е задолжена за производство на обрасците за лични документи.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, информираат од МВР, беше заклучено дека ќе биде обезбеден континуитет и навремена испорака на обрасци за патни исправи за нареден период.

„Со ова се обезбедуваат услови за машините за производство на пасоши да работат без прекин и со полн капацитет и во месеците мај и јуни“, посочуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ