Ужасната трагедија во Кочани ги потресе сите, па репрезентацијата на Македонија во мирна и тивка атмосфера го одработи првиот тренинг и ги стартуваше подготовките за квалификацитие за мундијалот во САД.
„Обединети во тага!
Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“ – гласеше објавата на ФФМ.
Избраниците на Благоја Милевски во сабота гостуваат кај Лихтенштајн, а потоа во вторник следната недела го пречекуваат Велс во Скопје.