Како што истакнаа на прес-конференција, за ова биле формирани 6 тимови во кои, освен експерти од судска медицина, имало и патолози. Вклучени биле и тимови од МВР.
Кај сите настрадани е констатирана насилна смрт од задушување што е предизвикано директно од пожарот.
Во март се очекува да бидат завршени сите извештаи за обдукциите.
Облеката и сè што е најдено кај починатите е на институтот и ќе биде предадено во Обвинителството.
Според Станков, веднаш по добивањето на информациите за несреќата, за еден час, сите вработени во институтот пристигнале на своите работни места и бил направен план за соодветно дејствување. Се вршеле обдукции на по 15 лица, кои потоа му биле предадени на погребалното претпријатие.
„Целта беше брзо и квалитетно завршување на обдукциите кои почнаа вечерта, на 16 март, а завршија претпладнето на 18 март, како и точна, прецизна идентификација“, истакна Станков.
И тој и деканот на факултетот изразија сочувство до семејствата и посакаа побрзо закрепнување на повредените кои се хоспитализирани.