петок, 18 октомври 2024

Обамејанг стави крај на репрезентативната кариера

Објавено на

часот

Сподели

Обамејанг јавно соопшти дека ја завршува репрезентативната кариера и им се заблагодари на сите за поддршката.

„По 13 години гордо претставување на мојата земја, соопштувам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Сакам да му се заблагодарам на габонскиот народ и на сите оние кои ме поддржуваа во добро и во лошо. Ќе ми останат голем број одлични спомени, како денот кога дебитирав или денот кога од Нигерија се вратив со африканската Златна топка“, вели Обамејанг.

„Им благодарам на сите мои тренери, членови на стручниот штаб и играчи со кои сум соработувал во кариерата. На крај сакам да му се заблагодарам на мојот татко кој ми ја всади желбата да бидам како него, се надевам дека го направив горд носејќи ги нашите бои“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ