сабота, 27 јули 2024

Обама растура во пеење (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Обама навистина може да отпее песна!, вели ФЕБлајф. Кој би знаел? Претседателот на САД синоќа присуствувал на добротворна церемонија во Аполо-театарот во Њујорк. Присуството на легендарниот пејач/свештеник Ал Грин на свеченоста очигледно му го кренало расположението на Обама. Откако во својот говор ѝ се обратил на соул-легендата, претседателот уште и испеал два стиха од класиката Let’s get together на Грин, на огромно задоволство на присутните. Како за политичар, господинот Обама има мошне добар глас!

Во тоа и сами можете да се уверите по деветтата секунда од видеото. Веднаш по реакцијата на публиката, Обама вели „Дечките мислеа дека нема да се осмелам. Ви кажав дека ќе го направам ова“ (мислејќи на својата екипа зад сцената). И потоа додава, „Не се грижи, попе, не пеам како тебе, но само сакав да ја искажам својата почит“. Башка што е скромен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ