среда, 23 октомври 2024

Обама рапуваше стихови на песна на Еминем на митингот на Харис во Детроит (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Барак Обама го почна својот говор на митингот за поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис во Детроит со рапување на стиховите од песната „Lose Yourself“ на раперот Маршал Брус Метерс Трети, попознат по неговото уметничко име Еминем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еминем, кој исто така беше на митингот, го поздрави Обама на бината, укажа на важноста на изборите и ги повика граѓаните да го искористат својот глас, објави магазинот Пипл.

„Сметаме дека е важно да го кажеме нашето мислење и дека не треба да се плашиме од последиците“, изјави раперот.

Еминем претходно ја поддржуваше политичката кариера на Обама, а сега повторно повика на активно учество на граѓаните на изборите.

Песната „Lose Yourself“ во 2004 година ја освои музичката награда Греми за најдобра рап-песна и најдобра машка рап соло-изведба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ