четврток, 26 декември 2024

Обама му честиташе на Трамп: Од нас се бара да им подадеме рака и на оние со кои не се согласуваме

Поранешниот американски претседател Барак Обама му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно, ова не е исходот на кој се надевавме, со оглед на длабокото несогласување со републиканците за цела низа прашања“, напиша Обама во соопштението заедно со својата сопруга Мишел.

„Сепак, да се живее во демократија значи да се прифати дека нашите ставови нема секогаш да победуваат и да бидеме подготвени да прифатиме мирен трансфер на власта“, додаде тој.

Според него, САД во последните години поминале низ многу, од пандемијата до инфлацијата.

„Меѓутоа, напредокот бара од нас да подадеме рака со добра волја дури и на луѓето со кои длабоко не се согласуваме. Затоа стасавме волку далеку и затоа ќе продолжиме да градиме земја која е поправедна, порамноправна и послободна“, рече Обама.

Во последната фаза од кампањата, Обама силно ја поддржа Камала Харис и го критикуваше Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ