вторник, 22 октомври 2024

Обама го исмејуваше Трамп за време на говорот: „Опседнат е со величина“ (ВИДЕО)

Поранешниот американски претседател Барак Обама го исмеваше поранешниот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп за време на говорот на Демократската национална конвенција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обама ја наведе „чудната опсесија на Трамп со големината (на публиката)“, при што неговите гестови со раката очигледно инсинуираа големина на нешто друго, пишува Форбс.

Обама наведе некои од најчестите забелешки на Трамп, вклучително и „детски прекари, луди теории на заговор“ и „оваа чудна опсесија со големината на толпата“.

Претходно овој месец, Трамп во серија објави лажно тврдеше дека потпретседателката Камала Харис користела вештачка интелигенција за да изгледа дека повеќе луѓе се присутни на нејзините собири.

Зборувајќи за опседнатоста на Трамп со големината, Обама ги раздели рацете една од друга, а потоа ги приближи, пред да погледне надолу и да глуми изненадување со гестот, што предизвика смеа кај публиката и ги шокираше корисниците на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ