петок, 18 октомври 2024

О2 иницијатива: Повторно исто сценарио! Експресни измени во Законoт за урбанистичко планирање

За в понеделник закажана е собраниуска седница на која, меѓу другото, по скратена постапка, ќе се расправа за измените во Законот за урбанистичко планирање. Од еколошката организација О2 иницијатива ги повикуваат пратениците да не ги гласаат  измените и да бараат истите да бидат отстранети од предлог-законот.

Објавено на

часот

Сподели

Во повикот на О2 иницијатива објавен на нивната фејсбук-страница се прашува зошто е потребата за вакви промени, без обид да се направи здрава основа за осмислени и усогласени измени со други актуелни, па и планирани закони со кои се преклопува.

„Се предлага бришење на одредбата со која јасно е утврдено дека урбанистичките планови кои започнале по старите закони и не успеале да се завршат во рок од четири години од стапување на сила на законот (18.02.2020), истите да продолжат по новиот закон. Со бришење на овој дел, ќе се овозможи стариот закон неограничено да се користи, наместо ДУП-овите конечно да тераат по сегашниот закон.

Се планира да се избрише делот со кој се уредува дека без согласнот од Министерството за транспорт, одлуката за носење на урбанистички план да е ништовна и министерот за транспорт да донесе решение за забрана на применувањето на планот. Новиот предлог ова ограничување го брише. Тоа значи дека ќе се овозможи носење на ДУП без согласност од Министерството за транспорт и потоа оди докажувај се пред Уставен суд со годинии, а во меѓувреме ќе си се гради и ќе си се гради по тој ДУП.

Се предлага бришење на одредбите поврзани со обврската за обезбедување на потврда за урбанистичка усогласеност, со објаснување дека во пракса оваа одредба не се применува поради неусогласност со актуелниот Закон за градење. Зошто тогаш Законот за градење не се измени, за да може да се спроведе оваа одредба?!

Се планира само со урбанистички проект да се реализираат катни гаражи за кои не е донесен детален урбанистички план“, пишува во апелот до пратениците еколошката организација О2 иницијатива.

Во образложението за овие измени предложени од Министерството за транспорт и врски се вели дека „целта на изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање е доуредување на одредбите поврзани со изборот на вршителот за работи од урбанистичкото планирање што ги вршат правни лица со лиценца за изработување на урбанистички планови, за планови и проекти финансирани со средства од буџетот на општината, општината на градот Скопје и градот Скопје ќе се спроведува на начин и постапка согласно со Законот за јавните набавки. Со овој предлог на закон ќе се овозможи подобрување на условите за живот преку обезбедување на континуитет во планските документи во руралните односно градските средини и реализација на потребите за домувањето со сите неопходни инфраструктури и градби кои се во функција и овозможуваат подобра социјализација на жителите со продолжување на рокот за донесување на урбанистичките планови започнати по други закони“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ