сабота, 27 јули 2024

НВО: Речиси 76 милиони внатрешнораселени лица во светот

Бројот на внатрешнораселените лица на крајот на 2023 година изнесуваше 75,9 милиони, најмногу поради конфликтите во Судан, Конго и Газа, според Центарот за следење на раселените (ИДМЦ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на внатрешнораселените лица е зголемен за 50 отсто во последните пет години, се наведува во годишниот извештај на невладината организација објавен во Женева.

На крајот на 2022 година во светот се регистрирани 71,1 милиони внатрешнораселени лица.

Насилството и конфликтот се главните причини за принудното раселување (68,3 милиони), додека катастрофите принудиле 7,7 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.

Во текот на изминатите пет години, бројот на раселените лица поради насилство и конфликти се зголемил за 22,6 милиони.

Според ИДМЦ, најголем пораст на бројот на раселените лица има во 2022 и 2023 година.

Во Појасот Газа, 1,7 милиони Палестинци беа внатрешнораселени на крајот на 2023 година.

Во текот на 2023 година, шест милиони присилно раселени луѓе беа во Судан, повеќе отколку во претходните 14 години заедно.

Од 26,4 милиони принудно раселени поради катастрофи, третина беа во Кина и Турција поради големите поплави и земјотреси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ