сабота, 27 јули 2024

Нуркач во Австралија бил гризнат на главата од морски крокодил, успеал да побегне

Објавено на

часот

Сподели

„Успеав да му ги отворам вилиците и да си ја извлечам главата. Крокодилот повторно се обиде да ме зграби, но јас го оттурнав“, изјави вчера Мекгован, пренесува Си-ен-ен. Австралиецот бил пренесен со хеликоптер во болница со исеченици и угризи по главата и рацете.

„Едноставно бев на погрешно место во погрешно време. Мило ми е што бев јас, а не едно од децата или дамата во групата“, рече тој, додавајќи дека му се чини дека се работи за млад крокодил, долг околу два до три метри. Крокодилите кои живеат во морето можат да пораснат и до шест метри и да тежат до 1000 килограми. Во Австралија има околу 100.000 морски крокодили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ