сабота, 27 јули 2024

Нуклеарни тестови во Русија само ако САД први ги спроведат

Русија ќе изврши нуклеарен тест само ако тоа прво го направат Соединетите Американски Држави, соопшти директорот на Одделот за неширење и контрола на вооружувањето на Русија Владимир Јермаков.

Објавено на

часот

Сподели

Доколку Државната дума донесе одлука за поништување на ратификацијата на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (ЦТБТ), Русија нема да биде првата која ќе спроведе нуклеарни тестови, кажа Јермаков.

Тој кажа дека неговата земја ќе продолжи да го почитува мораториумот на нуклеарни тестови воведен со указ на рускиот претседател уште во 1992 година.

„Претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание на Руската Федерација на 21 февруари оваа година кажа дека нема да бидеме првите кои ќе спроведат нуклеарни тестови. Русија ќе го направи тоа само ако САД први го преземат овој чекор“, кажа рускиот функционер на прес-конференција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ