сабота, 27 јули 2024

Нуклеарната централа Запорожје е префрлена на резервно напојување

Објавено на

часот

Сподели

„Поради исклучувањето на високонапонската линија од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го загуби надворешното напојување. Енергијата за сопствените потреби ја обезбедуваат дизел генератори“, се наведува во соопштението, пренесува Интерфакс.

Се истражуваат причините за исклучувањето на линијата.

Се додава дека радијацијата на местото на нуклеарната централа е нормална.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест блокови. Станицата не произведува струја од 11 септември 2022 година. Пет реактори се во ладен режим, а еден работи заради обезбедување на сопствените потреби на електраната.

Од март минатата година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили, а од 1 септември минатата година таму дежураат неколку експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои периодично се менуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ