сабота, 19 октомври 2024
Лига на шампиони

Њукасл убедлив против ПСЖ, мрежите мируваа во Дортмунд (ВИДЕО)

Њукасл со 4-1 неочекувано убедливо го победи ПСЖ, а во истата група немаше голови на дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Милан, гостински победи за Манчестер Сити, Барселона и Лацио, Црвена звезда одигра реми против Јанг Бојс.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во групата на смртта, Њукасл го шокираше ПСЖ откако му даде четири гола на Сент Џејмс Парк.

Серијата погодоција ја почна Алмирон во 17. минута, а во 39. минута Брн зголеми на 2-0, со тој резултат се отиде на полувремето.

По пет минути игра во вториот дел Лонгстаф зголеми и на 3-0, а шест минути подоцна Ернандез намали на 3-1 и внесе надеж во редовите на ПСЖ дека можат да се спасат од пораз.

Но, тоа не се случи, напротив Њукасл даде уште еден гол преку Шар во судиското продолжение за конечна победа од 4-1.

Во другото дерби од групата кое се играше во Дортмунд, Борусија и Милан одиграа без голови. Втор меч на росонерите оваа сезона без погодоци во ЛШ.

Манчестер Сити со 3-1 победи на гостувањето кај Лајпциг. Тимот на Пеп Гвардиола водеше со гол на Фоден во 25. минута, а домаќините по три минути игра во вториот дел преку Опенда изедначија на 1-1.

Тој резултат беше актуелен до 84. минута кога Алварез со прекрасен гол донесе водство за Манчестер Сити од 2-1, а Доку во судиското продолжение ги постави конечните 3-1.

Барселона со гол на Феран Торес во судиското продолжение од првото полувреме победи на гостувањето кај Порто со 1-0.

Лацио со гол на Педро во 95. минута победи на гостувањето кај Селтик со 2-1. Претходно домаќините поведоа во 12. минута со гол на Фурухаши, а Весино во 29. изедначи на 1-1.

Интересно беше на Рајко Митиќ во Белград каде Црвена звезда и Јанг Бојс одиграа нерешено 2-2.

Звезда поведе во 35. минута со гол на Ндиаје, по три минути игра во вториот дел Јанг Бојс изедначи на 1-1 со погодок на Угринич.

Во 61. минута Итен погоди за комплетен пресврт и водство на швајцарскиот тим од 2-1, а Црвена звезда успеа да изедначи со погодок на Букари во 88. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ