Дербито помеѓу Њукасл и Арсенал на „Сент Џејмс Парк“ заврши со минимална победа од 1-0 на домаќините.
Антони Гордот ја затресе мрежата на „топчиите“ во 64. минута, а голот беше прилично контроверзен.
ВАР разгледуваше три спорни моменти, прво дали топката го напуштила теренот, потоа дали Џоелитон направил прекршок врз Габриел, и на крајот дали Антони Гордон бил во офсајд.
Прегледувањето на повторените снимки траеше околку четири минути и конечната одлука беше дека голот останува да важи.