Лига Купот ќе има нов освојувач откако Манчестер јунајтед вечерва доживеа елиминација.
Тимот на Ерик тен Хаг не само што беше елиминиран, туку беше и понижен на свој терен од Њукасл кој си замина со победа од 3-0, а можеше таа да биде и поголема.
Алмирон во 28. минута донесе водство за Њукасл, а само осум минути подоцна Хал даде убав гол за предност на гостите од 2-0.
Конечните 3-0 за Њукасл беа дело на Вилок во 60. минута од натпреварот.
По овој пораз се чини дека силно ќе почне да се тресе столчето на Ерик тен Хаг.