сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Њукасл го победи Манчестер јунајтед и го скокна на табелата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Њукасл му се реваншираше на Манчестер јунајтед за поразот во финалето на Лига Купот, вечерва избраниците на Еди Хау славеа со 2-0 во Премиерлигата.

Откако пропуштија неколку добри шанси во првото полувреме, домаќините поведоа со голот на Вилок во 65. минута, фудбалерот од средниот ред рутински со глава реализираше за 1-0.

Трите бода беа потврдени во финишот од мечот, по еден прекин, Вилсон го матираше Де Хеа за 2-0.

Со оваа победа, Њукасл се изедначи со Манчестер јунајтед по бројот на бодови, но поради подобра гол разлика го скокна ривалот на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ