сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Њукасл го победи Брајтон, „страчките“ летаат кон Лигата на шампиони (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Брајтон изминатиов викенд со 0-3 славеше на Емирати и го отпиша Арсенал од трката за титулата, но Њукасл вечерва не дозволи ново изненадување.

Популарните „страчки“ вечерва славеа со 4-1 и направија значаен чекор кон топ четири пласман, потребна им е уште една победа во последните две кола за да обезбедат настап во Лигата на шампиони.

Ундев во 22. минута си постигна автогол за 1-0, а длабоко во судиското надополнување, Бурн зголеми на 2-0.

На стартот од вториот дел, Ундев ја затресе и мрежата на Њукасл за 2-1, но тоа беше се што направија гостите. Во финишот од мечот, со два брзи гола на Вилсон и Бруно Гимараеш, домаќините ги потврдија трите бода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ