Вулверхемптон и Њукасл ги поделија бодовите во последниот денешн натпревар во Премиерлигата, гостите два пати водеа, но домаќините се враќаа.
Вилсон реализираше за 0-1 во 22. минута за Ламина да изедначи на 1-1 во 36. Минута.
Њукасл поведе по втор пат длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Вилсон од пенал донесе 1-2.
Сепак, Хванг во 71. минута ја затресе мрежата на Поуп за 2-2, резултат кој остана до крајот на натпреварот.