петок, 18 октомври 2024

Њујорк тајмс ги тужи Опен ВИ и Мајкрософт за авторски права

Американската медиумска организација Њујорк тајмс на крајот од минатата година поднесе тужба против истражувачката организација за вештачка интелигенција Опен ВИ (Open AI) и технолошката корпорација Мајкрософт. Тужбата е поднесена затоа што овие организации за обука на чет-ботови – апликации дизајнирани да имитираат човечки разговор преку текст или гласовни интеракции користат милиони написи од весниците.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако Тајмс и другите новински организации не можат да го заштитат своето независно новинарство, ќе има вакуум што ниту еден компјутер или вештачка интелигенција нема да може да го пополни“, се вели во тужбата.

Тајмс пишува дека тие се првата голема американска медиумска организација која го тужи OpenAI, креаторот на популарната платформа за вештачка интелигенција Четџипити (ChatGPT), и Мајкрософт, кој е инвеститор во OpenAI и креатор на друга платформа за вештачка интелигенција Bing Chat, сега позната како Copilot.

„Нема ништо ‘трансформативно’ во користењето на содржината на ‘Тајмс’ без да се плати за создавање производи што го заменуваат ‘Тајмс’ и ја крадат неговата публика“, се наведува меѓу другото во тужбата на „Њујорк тајмс“, поднесена во федералниот суд на Менхетен на 27 декември 2023 година.

Медиумската организација бара Опен и Мајкрософт да ги уништи моделите Четбот (Chatbot) и податоците за обука што го користат материјалот заштитен од медиумите, а тужбата проценува штета во милијарди долари. Тие наведуваат дека кршењето на авторските права и користењето на нивните написи го загрозуваат квалитетното новинарство со намалување на посетите на веб-страницата, како и сообраќајот.

Овој медиум исто така тврди дека Chatbots им отежнува на читателите да разликуваат факт од фикција, а тие исто така споменале „халуцинации“, феномен во кој разговорните четботи вметнуваат лажни информации што потоа погрешно се препишуваат на изворот.

Портпаролката на ОпенАИ, Линдзи Хелд, рече дека компанијата „постигна конструктивен напредок во дискусиите со Тајмс и дека тие се изненадени и разочарани од тужбата“, објави Ројтерс.

„Ние ги почитуваме правата на креаторите и сопствениците на содржини и посветени сме да соработуваме со нив во корист од технологијата за ВИ и новите модели на приходи“, рече Хелд. Таа додаде дека компанијата се надева дека ќе најде заемно корисен начин за соработка, како што „прават со многу други издавачи“.

Мајкрософт, од друга страна, одби да ја коментира тужбата.

Тајмс не е единствен што ги тужи компаниите со вештачка интелигенција за авторските права. Многумина писатели досега го направија тоа.

Здружението на медиуми во кое членуваат повеќе од 2.200 новински организации ја поздрави тужбата на „Тајмс“, велејќи дека квалитетното новинарство и вештачката интелигенција можат да се надополнуваат, но користењето новинарство без дозвола или плаќање е нелегално и секако не е фер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ