сабота, 27 јули 2024

Њујорк тајмс: Европската Унија веќе не е сигурен билет за напредок

Објавено на

часот

Сподели

Фармата на Зоран Слуга се наоѓа во Хармица, на самата граница со Словенија. Доколку Хрватите в недела на референдумот се изјаснат за придружување на Европската Унија, бизнисот на семејството Слуга во многу нешта ќе се искомплицира.
Кафезите во кои Слуга ги чуваат своите кокошки не одговараат на стандардите на ЕУ, што значи дека ќе бидат потребни скапи вложувања за тие да се достигнат. Откако италијанските произведувачи на јајца ќе добијат пристап до хрватскиот пазар, цената на јајцата на семејството Слуга ќе мора да падне и тој верува дека со ова неговиот животен стандард е сериозно загрозен.
„А поради што?“, се прашува Слуга и додава: „Видете што ѝ се случи на Грција. Добија милијарди евра од Европа, па и тоа не им помогна“.
„ЕУ, која некогаш можеби беше клуб на богатите во кој Хрватска брзаше да се зачлени, веќе не е сигурен билет за напредок“, пишува Њујорк тајмс. „Денешната Европска Унија е заглавена во должничка криза, која неколку нејзини држави ги турна на работ на банкрот, и со тоа е загрозена сржта на Европската Унија“.
Њујоршкиот весник коментира дека дури ниту новоизбраниот премиер Зоран Милановиќ не му се радува претерано на членството, свесен за тешкиот момент во кој Хрватска влегува во ЕУ. Милановиќ ги нагласува предностите на пазарот од осум милијарди потрошувачи и смета дека Хрватска ќе мора многу и напорно да работи за да биде пазарно конкурентна.
Во весникот се истакнува и дека последните случувања покажале дека најважните одлуки ги носат Франција и Германија, додека на малите земји од 4-5 милиони жители, како Хрватска, нема многу да им се слуша гласот. Њујорк тајмс смета и дека хрватското крајбрежје ќе ја соочи земјата со навала од нелегални емигранти, со кои се соочуваат Шпанија, Италија и Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ