четврток, 26 декември 2024

Њујорк тајмс анализирал сателитски снимки па тешко ја обвини израелската војска

Израелските копнени сили оштетиле или уништиле најмалку шест гробишта за време на своето напредување на северот на Појасот Газа, повеќето во последните неколку недели, според анализата на нови сателитски и видео снимки на Њујорк тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Во квартот Шаџаије во градот Газа, каде во последните денови беснееја тешки борби, израелските сили срамниле со земја дел од туниските гробишта за да постават привремена воена позиција. Њујорк тајмс пишува дека сателитска снимка од неделата покажува оклопни возила и бункери на она што пред неколку дена биле нечепнати гробишта.

Израелската војска не одговорила на нивните прашања за причините за уништувањето на гробиштата и преземањето мерки за заштита на верските места во Газа. Законите за оружените конфликти го сметаат намерното уништување верски објекти без воена потреба можно воено злосторство.

Голем дел од штетата е направен овој месец, додека израелските сили напредувале кон, како што тврдат израелските функционери, преостанатите упоришта на Хамас во густо населените области на градот Газа. Се чини дека Израел користи најмалку едни гробишта како привремена база за воените возила.

Израелски воени возила уништиле десетици гробови на помали гробишта на почетокот на декември, покрај постоечката израелска позиција 800 метри северозападно од туниските гробишта. Снимка која во неделата ја објави израелската војска прикажува војници вклучени во борба во таа област.

Истиот ден, во квартот Џабалија во градот Газа, сателитски снимки покажале нови траги кои веројатно ги оставиле воени возила на гробиштата Ал Фалуџа. Подоцнежни видео снимки покажуваат оштетувања на гробовите, но не и утврдени воени позиции. можна воена позиција е поставена на гробиштата во Беит Ханун, исто така на северот на Газа.

Овие заштитни позиции биле користени само ограничен временски период како што копнената офанзива се придвижува подлабоко во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ