сабота, 27 јули 2024

Њујорк тајмс: Американските напади на Хутите биле неуспешни

И покрај првичните извештаи за успешни ракетни напади на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави по наводни позиции на Хутите на територијата на Јемен, констатирано е дека тие акции не го намалиле нивниот борбен потенцијал и способноста за понатамошни напади во подрачјето на Црвено Море, пренесува Њујорк тајмс повикувајќи се на различни извори.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Првите проценки за ефикасноста на ракетните напади наведоа дека се погодени 90 отсто од означените цели. Меѓутоа, американски експерти сметаат дека „иако нападите уништиле или оштетиле повеќе од 60 локации за лансирањето ракети и дронови, на кои се стационирани околу 150 проектили и летала, Хутите успеале да задржат меѓу 70 и 80 отсто од борбените капацитети“.

Њујорк тајмс додава дека оваа група располага и со мобилни средства на воена техника, поради што постои веројатност дел од нив да се скриени. Затоа епилогот на нападите од 12 јануари, кои американскиот претседател Џо Бајден ги означи како „успешни“, е онеспособување на само четвртина, односно околу 25 отсто од воените ресурси на Хутите.

Во меѓувреме Тајмс истакна дека лоцирањето на целите на територијата под контрола на Хутите е многу потешка задача отколку што се очекувало.

Изворите на Њујорк тајмс, меѓу кои има актуелни американски функционери, сметаат дека Вашингтон би можел да изврши уште еден ракетен напад, доколку со анализа се утврди дека навистина не се остварени саканите резултати. Во исто време додаваат дека иако до сега нема значителен одговор, наскоро очекуваат одмазда на Хутите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ