сабота, 27 јули 2024

Њујорк ги прогласи социјалните мрежи за опасност по јавното здравје

Њујорк стана првиот голем град во Соединетите Американски Држави кој социјалните мрежи ги прогласи за „опасност по јавното здравје“, соопшти градоначалникот Ерик Адамс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Препознавајќи ја опасноста која социјалните мрежи ја претставуваат за младите луѓе и менталното здравје, комесарот за здравство и ментална хигиена на градот Њујорк д-р Ашвин Васан издаде совет на комесарот за здравство во кој непречениот пристап до социјалните мрежи и нивното користење се идентификуваат како опасност по јавното здравје, како што тоа претходно беше направено со тутунот и огненото оружје“, кажа Адамс во своето годишно обраќање.

Тој ги повика компаниите сопственици на социјалните мрежи „да не поттикнуваат криза на менталното здравје“, особено кај младите.

„Социјалните мрежи како Тикток, Јутјуб и Фејсбук поттикнуваат криза на менталното здравје дизајнирајќи ги своите платформи со заразни и опасни функции“, кажа Адамс.

Истакна дека не може да дозволи „да стои на страна и да им дозволи на големите технолошки компании да профитираат на приватноста на децата и да го загрозат нивното ментално здравје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ