сабота, 27 јули 2024

Њу Орлеанс ја продлабочи кризата на Лејкерс (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го забележа седмиот пораз на последните девет натпревари откако синоќа загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс со 129-109.

Објавено на

часот

Сподели

Откако го освои купот во НБА, Лејкерс падна во форма и никако не успева да се крене. Славниот клуб сега е на десеттата позиција во Западната конференција.

Домаќините имаа исклучително ефикасно полувреме во кое постигнаа дури 74 поени, Лејкерси за тој период дадоа 57. Големата разлика Њу Орлеанс ја одржаваше до крајот на мечот за конечни 129-109.

Инградм и Вилијамсон постигнаа по 26 поени за Њу Орлеанс, најефикасен на мечот беше Леброн Џејмс со 34 поени.

Резултати:
Вашингтон – Атланта 126-130
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 129-109
Оклахома – Бруклин 124-108
Сан Антонио – Бостон 101-134
Мемфис – Сакраменто 92-123
Феникс – Орландо 112-107

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ