сабота, 2 ноември 2024

Њу Ингланд и Њујорк ќе играат на 46. Супербол

Објавено на

часот

Сподели

Патриотс и Џајантс закажаа реприза од 42. Супербол во 2008 година, кога тимот на Њујорк славеше во спектакуларен меч со 17-14 и тогаш им го нанесоа првиот пораз во сезоната на „патриотите“. Финалето е закажано за 5 февруари во Индијанаполис на стадионот „Лукас“, кој е арена од затворен тип и има капацитет од 74.000 гледачи.

Њу Ингланд до финалето на Американската конференција (АФЦ) стигна со победата над Балтимор Рејвенс со 23-20, додека Њујорк славеше со 20-17 по продолженија против Филаделфија фортинајнерс. Балтимор во првиот меч имаше шанса за продолжение, но Били Кандилф промаши „зицер“ од 32 јарди. Њу Ингланд е шампион од 2001, 2003 и 2004 година

За разлика од „кикерот“ на Балтимор, кој беше трагичар, во Њујорк тој беше херој.

Лоренс Тајнс погоди филд-гол од 31 јард и во дуелот со жестока одбрана, го реши мечот во корист на њујорчаните, што е нивен прв Супербол по пет години. Интересно, Тајнс и пред пет години со филд-гол го одведе Њујорк до финале против Грин Беј Пекерс, а подоцна и победи против Њу Ингланд.

Суперболот до пред три години беше најгледан спортски настан на светот, но сега е зад финалето на Лигата на шампионите. Веќе од пред еден месец сите реклами во ударните термини веќе се продадени по астрономски цени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ