сабота, 27 јули 2024

НПФ: Маленко има меѓународна суспензија

Од Националната пливачка федерација (НПФ) велат дека Александар Маленко е суспендиран од страна на одделот задолжен за интегритет во светското пливање.

Објавено на

часот

Сподели

Брановите во македонското пливање никако да се смират. Откако Александар Маленко ги нападна раководните лица во Националната пливачка федерација, тие возвратија.

Од НПФ велат дека добиле писмо од Интегритетот во светското пливање со кое се потврдува дека Александар Маленко има меѓународна суспензија.

„Од страна на одделот задолжен за Интегритет во светското пливање, добивме потврда за суспензија на Александар Маленко, која е произлезена од неговите лажни искази за наши врвни пливачи и олимпијци, нарушување на угледот на Федерацијата како во домашни така и во Светски рамки и дополнително задолжување“, велат од НПФ и го приложуваат писмото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ