сабота, 27 јули 2024

НП Шар Планина бара помош: Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен

Национален парк Шар Планина информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен. Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП „Шар Планина“ за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, ова е состојбата со пожариштето во 18:00 часот.

Од НП Шар Планина проценуваат дека поради неповолните временски услови состојбата дополнително да се влоши.

Ги повикуваме жителите на село Селце да излезат и да ги бранат своите имоти. Уште еднаш потсетуваме дека палење оган е неодговорно однесување и без исклучоци резултира со катастрофи. Напорите за локализирање на пожарот продолжуваат, се вели од ЈП НП Шар Планина.

Од МВР во 17 часот соопштија дека Одделот за воздухопловни единици на МВР го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што исфрлени се 20 тони вода,  а пожарот кај Селце е локализиран.

Одделот за воздухопловни единици по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење пожар, го упатил хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени.

Според ЦУК, пожарот зафатил букова шума, ливади и меѓни стебла во приватни имоти, а теренот е стрмен и тешко пристапен. Ренџерската служба три дена се обидува да го локализира, а помош за гаснење е побарана и од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ