петок, 18 октомври 2024

Ножот заменет со современа опрема – шведска донација за гинеколошкото одделениe во битоската болница

„Зачудувачки е во 2023 година да се користи нож за отстранување на канцерозни лезии и тоа е поврзано со поголемо крварење, но и ризик за инфекција, а сега со методата која е насекаде прифатена и каде за 2-3 минути се отстранува ткивото. Со новата опрема придонесуваме да се зголеми свеста во цела држава и да се отстрани користењето на нож и жената поликлинички да се третира. На овој начин се обезбедуваат и финансиски заштеди“, изјави Лилјана Кочоска Мараш, лекар специјалист која е битолчанка и учествувала во обезбедувањето на совермена опрема за гинеколошко-акушерското одделени во битолската болница, која е донацијата од шведскиот ротари клуб Дјуршхолм.

Објавено на

часот

Сподели

„Донацијата е наменета за гинеколошко-акушерското одделение при Клиничка болница-Битола, а ќе служи за рано откривање, дијагностика, лекување за еден од четирите водечки карциноми кај жената, а тоа е цервикалниот карцином. Донацијата е во време кога борбата со гинеколошките карциноми е се погласна и кога секоја година во нашата држава, во просек има 150 жени кои се јавуваат како нови случаи на заболени. По повод Светскиот ден за борба против гинеколошкиот карцином – 20 Септември, донирани се инструменти за најсовремени операции и лекување на рак на гинеколошки карцином, како дел од проектот за превенција на рак на грло на матка и други ХПВ поврзани болести. Со донацијата на Клиничка болница-Битола и е овозможено да ги следи светските трандови и учествува во подигнување на свеста за борба против гинеколошките карциноми за нивно лекување, дијагностика и отстранување со миимална инвазивна технологија“, истакна Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола.

Донацијата од Ротари клуб Дјуршхолм е обезбедена во рамки на соработката со ротари клубот од Битола, посочи Лилјана Кочоска Мараш.

На новинарско прашање во врска со неодамнешната смрт на 24-годишно момче од битолското населено место Цапари, директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола одговори дека денеска во болницата ќе се изврши втор, републички инспекциски надзор.

„Не е завршен вонредниот инспекциски надзор за неодамна починатото момче во ЈЗУ Клиничка болница-Битола. Денеска ќе има уште еден републички инспекцики надзор и друга информација не можам да кажам. Завршена е обдукцијата, судски медицинар ќе достави писмен извештај до Обвинителство и други информации нема“, кусо одговори Ивановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ