вторник, 22 октомври 2024

Новозеландска добротворна организација дистрибуирала бонбони со смртоносна количина дрога

Добротворна организација која работи со бездомници во Окленд, Нов Зеланд, не знаејќи дистрибуирала бонбони полни со потенцијално смртоносна доза на метамфетамин во своите пакети со храна, пишува Гардијан.

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за донирани пакети со храна. „Окленд сити мишн“ им кажа на новинарите дека персоналот почнал да контактира со околу 400 луѓе за да ги пронајдат пакетите што содржат метамфетамин во омоти за лижавчиња.

Новозеландската полиција отвори кривична истрага.

Количината на метамфетамин во секоја бонбона била до 300 пати поголема од нивото што некој вообичаено би го земал и може да биде фатална, според Новозеландската фондација за дроги, организација за тестирање и политика на дрога, која прва ги тестирала лижавчињата.

Бен Биркс Анг, портпарол на Фондацијата, рече дека „прикривањето“ на дрогата како безопасна стока е вообичаена техника на прекуграничен шверц и дека повеќе слатки можело да се дистрибуираат низ Нов Зеланд.

„Уличната вредност на едно лижавче е 608 американски долари, што значи дека донацијата од непознатото лице била случајна и не намерна“, вели Биркс Анг.

Хелен Робинсон, која работи во добротворната организација, рече дека осум семејства, вклучително и најмалку едно дете, пријавиле дека ги консумирале контаминираните слатки од вторникот.

„Никој не е хоспитализиран, а со оглед на тоа дека вкусот на лижавчето беше одвратен, повеќето од нив веднаш ја исплукаа бонбоната“, вели таа.

Метамфетаминот е моќен стимуланс кој предизвикува голема зависност и влијае на централниот нервен систем. Има форма на бел кристален прав со горчлив вкус, без мирис, кој лесно се раствора во вода или алкохол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ